Државната изборна комисија денеска објави дека потребниот број потписи ги собрале 27 независни каднидати за градоначалник и 47 листи на кандидати за членови на советите. Рокот за собирање потписи за независни кандидатури заврши синоќа на полноќ, а потписи собираа 27 кандидати за градоначалници во 16 општини и 48 листи на советници во 21 општина.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференција рече дека потписи на листи на кандидати за градоначалник се собрани за 22 општини и тоа Битола, Брвеница, Валандово, Вевчани, Градско, Дебарца, Дојран, Зрновци, Кавадарци, Маврово и Ростуше, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Центар, Чашка и Чучер Сандево.
Потписи за листи на кандидати за членови на Совет се собрани во 27 општини и тоа Битола, Богданци, Гевгелија, Градско, Дебарца, Дојран, Долнени, Зрновци, Кавадарци, Карбинци, Кичево, Кочани, кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовишп, Ранковце, Старо Нагоричане, Чучер Сандево и Штип.
Гугучевска потсети дека рокот за поднесуваање на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември на полноќ, а досега нема поднесено ниту една кандидатура за локалните избори 2017 закажани за 15 октомври.
ДИК се уште ги очекува податоците за тоа колку општински изборни комисии имаат блокирани сметки или кои би имале потешкотии со финансирањето на локалните избори. Според Гугучовски, тие податоци ги очекуваат да пристигнат кај нив во текот на оваа недела.