Димитров до Рикер: Вашето именување на новата функција е добра вест за Регионот

Сподели

Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рече МНР Димитров.

Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО.

 „Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.