Димитров: Додека ние чекаме нова шанса, ниту светот, ниту Европа не чекаат, ниту на Балканот можеме да си дозволиме да испуштаме шанси

Сподели

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров одговарајќи на неколку прашања од пратениците во Собранието рече дека Договорот од Преспа ги врзува чекорите на Македонија кон ЕУ и НАТО со тоа што е интерес на Грција од Договорот.

– Затоа НАТО членството е врзано со влегувањето на сила на Договорот. Затоа стои дека на иста сесија грчкиот парламент кога ќе ја ратификува спогодбата, ќе ги потпише и протоколите за членство со НАТО на Македонија. Клучната критика на нивната опозиција се идентитеските елементи, а клучната критика на нашата опозиција е опфатот на употреба. И тука е суштината на компромисот. За идентитескиот амандман јас имав охрабрувачка реакција затоа што се што е врзано со идентитетот на македонскиот народ не може да е спротивно со текстот на Договорот кој дава апсолутно право на самоидентификација – рече Димиторов.

Тој потенцираше дека поранешниот премиер Никола Груевски бил свесен за овие услови од Грција и дека бил во тек со процесот.

– Во декември 2009 година на телевизиско интервју рече дека Грција бара и внатрешна употреба и јазикот да биде сменет односно да гласи или ново македонски или северно македонски. На 16 ноември 2017 во интервју вели дека Грција не прифаќа нашиот јазик и идентитет да се преведува на англиски. Со Договорот, географската одредница не не прави ништо поинаку од тоа што сме денеска. Додека ние чекаме нова шанса, ниту светот, ниту Европа не чекаат, ниту на Балканот можеме да си дозволиме да испуштаме шанси – додаде Димитров.

Тој додаде дека одредницата Северна не не прави нешто поинаку од тоа што сме, како што рече, и тоа што се чувствуваме како Македонци.

-Факт е дека Направивме држава во нашето парче од Македонија, факт е дека тоа е поголем географски регион и тоа значи географската одредница. Факт е дека е експлицитно наведен македонскиот јазик. Сите ни велат дека најверојатно ќе поминат децении пред да ни се укаже нова шанса, а светот не не чека да пропуштаме историски шанси, ни свети лидери не ни требаат ако ја пропуштиме шансата – порача министерот Димитров.