Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска патува за Софија каде очекува да најде решение во духот на добрососедството на темата за Гоце Делчев.
Борисов изјави дека очекува Бугарија и Македонија да ги задржат добрите соседски односи и дека на претстојната средба на земјите од берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат.
„Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии“, изјави Борисов.