Доделување на државната награда „11.oктомври“

Сподели

 

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државава.

Наградата за животно дело во областа на науката ќе му се врачи на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.

Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди со наградата „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.