ДОМ: Честит 11 Октомври – Ден на народното востание!

Сподели

 

“Годинава одбележуваме 81 година од почетокот на народноослободителната антифашистичка борба на македонскиот народ, што го чествуваме како Ден на народното востание.

На денешен ден во 1941 година, македонскиот народ го избра вистинскиот пат спротивставувајќи се на најголемите зла во историјата на човештвото – нацизмот и фашизмот.

Востанието започна токму на 11 октомври со нападот на бугарската полициска станица, затворот ина телефонските врски во Прилеп од страна на партизанскиот одред „Гоце Делчев‘‘, а на 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани.

Секоја година на 11 октомври се сеќаваме на овој настан, кој е меѓник на борбата на Македонцитеза самобитност и самостојност. Борците од Народно-ослободителната борба, заедно со прогресивните слободарски сили од другите народи, дадоа голем придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.Благодарение на генерацијата која тогаш се жртвуваше за слобода и застана на страната на сојузниците на Антифашистичката коалиција, денес имаме самостојна независна македонска држава, која е членка на НАТО и се стреми да биде дел од европското семејство.

Нека ни е честит и вековит празникот 11 Октомври – Ден на народното востание!”, се наведува во честитката на ДОМ до граѓаните на РС Македонија.