Драган Даравелски е приведен на граничниот премин „Табановце“

Сподели

 

„Денеска на граничниот премин Табановце приведен е Драган Даравелски кој се бараше со меѓународна потерница, и веќе е пренесен во надлежната казнено-поправна установа“, соопштија од МВР.

Даравелски е поранешен директор на Царина, и беше осуден за злоупотреба на службената положба во период од 1999 до 2002 година во вредност од 2 милиони евра. Му се судеше во отсуство.

Неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра. Судот тогаш одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари.

Против него беше распишана и потерница од Интерпол. Тој е еден од функционерите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Љубчо Георгиевски.