Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС).
– По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која повеќе од 65 отсто од граѓаните ја поддржуваат – наведува ДС во соопштението.
Од Демократскиот сојуз додаваат дека стабилноста на земјата во изминатите месеци не била загрозена ниту однатре, ниту однадвор, а исто така немало потреба да се ангажира Армијата за средување на внатрешните состојби.
– Напротив, и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестираа против Ѓорге Иванов, против урнисување на уставниот поредок и владеењето на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија – велат од Демократскиот сојуз.