Вести Став Ударни вести

ДУИ од Тетово: ДА за НАТО, ДА за Европа

Сподели:

Демократската Унија за Интеграција, одржа средба во рамките на кампањата за референдумот под мотото „Заедно за Европска Македонија“.

Шефот на штабот за референдумот од ДУИ, Атила Реџепи кажа дека во рамките на ова кампања нема да се одлучи за судбината на политичките партии, нема противници и дека победникот се знае а тоа се нашите граѓани затоа што ова е дамнешна аспирација на Албанците, членство во Северно –Атлантската Алијанса и интеграција во големото европско семејство.

“Сметајќи дека за нас не постои дилемата за тоа дали сме или не во овие структури, мислиме дека ова ќе биде мирна и релаксирана кампања, без тензии, додека денот на изјаснување на референдум масивно ќе се оствари за да не оставиме на страна ниту една дилема во нашата определба, тоа ќе биде свечен акт на манифестација на волјата на нашиот народ кон една природна припадност. На овој начин тој ќе пресуди за интеграцијата во НАТО и Европската Унија“, кажа шефот на штабот за референдумот, Атила Реџепи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кажа дека овој пратенички состав ја има честа да биде овластен носител на кампањата за референдумот одреден за 30 септември.

Демократската Унија за Интеграција од основањето на својот Статут ја има оваа определба и ова визија, приклучување на земјата во евроатланските структури. Со доаѓањето на новата Влада работите се забрзаа и се решија прашањата што беа камен на сопнување во достигнувањето на стратешките цели на нашата земја. Потпишувањето на последниот договор со Република Грција е историски договор, договор кој што ги отвори и ги направи достапни вратите на НАТО и Европската Унија“ истакна претседателот на Собранието Џафери.

Потпретседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, истакна дека денес, земјата се соочува со предизвикот да се донесе одлука која ќе ја одреди нашата иднина и иднината  на новите генерации.

Директни гаранции добивме од канцеларката Меркел, се охрабривме од посетата на г. Столтенгерг, се охрабривме од посетите на Високите претставници на Соединетите Американски Држави. На 30 септември, Македонија треба јавно да докаже дека сме за НАТО, ЕУ и американскиот народ, и како што истакна тој, со наша рака да запреме секој на Русија дека ќе се врати тука“.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи како домаќин на ова кампања за референдумот пред присутните кажа дека  со овој голем идеал се здружиле од времето на основањето на Демократската Унија за Интеграција, и затоа треба и се каже ДА на партиската, националната, домашната и европската историја.

 

Сподели: