Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, вo недела ќе допатува во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина.
Ова е прва посета на Нимиц на регионот од јули 2014 година, кога изјави дека очекува напредок во преговорите. Тој неодамна во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата македонска влада.