Потврдени се три жртви, и голем број повредени. Затворени се центарот на градот и метрото. Премиерот и безбедносните служби го квалификуваат инцидентот како терористички напад, пренесува Дојче веле.
Шведските медиуми јавуваат дека камион се забил во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Камионот бил украден претходно во текот на утрото.
Шведските медиуми тврдат дека се слушнале и истрели од огнено оружје.
На социјалните мрежи кружат бројни фотографии и видеа од луѓе како бегаат од местото на нападот и кои покажуваат зголемено полициско присуство во градот. Над Стокхолм надлетуваат хеликоптери, а сирените на полициските возила се слушаат насекаде, велат очевидци.
Во последната година во Европа се случија повеќе терористички напади во кои беа користени возила. Последниот, во Лондон на 22 март годинава, однесе четири човечки животи. Во декември минатата година, на сличен начин терорист однесе во смрт 12 луѓе.