Владата на 132 седница, донесе заклучок со кој ги задолжи сите органи и институции во нејзина надлежност, во рамките на своето редовно работење, да ги признаваат електронските уверенија од казнената евиденција, односно уверенијата за неосуденост, со подеднаква важност како и оние кои се издаваат во печатена форма.
Ова задолжение на Владата доаѓа по известувањето на Советот за информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи кои утврдиле дека некои вработени во јавните институции се уште барале овие уверенија да бидат во печатена форма.