ЕУ ќе инвестира 120 милиони евра за бесплатен безжичен интернет во европските градови

Сподели

Европската унија (ЕУ) претстави план за инвестирање на 120 милиони евра за поставување на бесплатен безжичен пристап до интернет во парковите и плоштадите во градовите ширум Европа.

085752wifi_web

Исто така, Европската комисија (ЕК) предложи развивање на стандардизиран план са обезбедување на покриеноста со 5G мобилен интернет до 2020 година.

Една од целите на таканаречениот 5G Акционен план е ЕУ да избегне повторување на бавното и фрагментирано покривање со 4G/LTE мрежа.

„Акциониот план може да вклучува инвестирање во автоматизирани возења, испорака на стока со беспилотни летала, како и виртуелна реалност за одредена професионална соработка“, се наведува во соопштението.

Исто така, ЕК го претстави планот за ажурирање на законот за авторски права во обид да обезбеди фер плати за новинарите, авторите и креаторите на аудиовизуелни содржини кои својот труд го дела онлајн. ЕУ ќе се обиде и на научниците да им овозможи пристап до академска литература на интернет.

Извор:gsm.mk