Околу 3.000 луѓе се евакуирани од три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека на нив има поставено бомби.
– По повик дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по илјада луѓе од Казанска и Ленинградска железничка станица, додека од Јарославска се евакуирани 750, наведе извор од руските безбедносни служби.
Според истиот извор, наскоро се очекува да пристигнат специјалните единици кои ќе извршат детална проверка на станиците.