Евакуирана службена зграда во Нов Белград

Сподели

Полицијата е на теренот и врши увид, додека зградата е блокирана за пристап во радиус од 100 метри. Од Министерството за внатрешни работи на Србија, засега нема никакви официјални информации

thumbs_b_c_d0f3d932866643ab1833314ca37b47c5

БЕЛГРАД (АА) – Во белградската населба Белвил, во Нов Белград, поради дојава за бомба, евакуирана е зграда во која се сместени канцелариите на „Ер Србија“, банка и уште неколку други компании, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата е на теренот и врши увид, додека зградата е блокирана за пристап во радиус од 100 метри. Од Министерството за внатрешни работи на Србија засега нема никакви официјални информации.

Очигледно станува збор за сомнителен пакет пронајден под автомобил, во подземниот паркинг, додека другите информации кажуваат дека се работи за поставена бомба.

На теренот се и членовите на противпожарната служба.

На улицата, од едната страна на зградата се наоѓаат работниците, кои чекаат полицијата да го заврши увидот, а тие да се вратат назад во зградата.