Еврокомесарот Етингер бара казни за Шпанија и за Португалија

Сподели

The inauguration of the Berlaymont Building, headquarters of the European Commission .

Еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Етингер, денеска изјави дека треба да се казнат Шпанија и Португалија поради буџетскиот дефицит.

Етингер рече дека Европската комисија мора да дејствува за да го сочува кредибилитетот.

Европската комисија во мај не ги казни двете земји, туку соопшти дека во јули повторно ќе ја разгледа состојбата на нивниот буџет.

ЕУ бара од нејзините членки дефицитот во буџетите да не биде поголем од три отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Казната за пречекорување изнесува 0,2 отсто од БДП, но досега не биле изречена.
– Доколку Европската комисија сака да го зачува кредибилитетот во почитувањето на буџетските правила, мора да ги казни Шпанија и Португалија – рече Етингер за денешното издание на германскиот весник „Билд“.

meta.mk