Со стендап-настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски, денеска започнува 11. издание на Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ што до 14 септември ќе се одржува во Општина Аеродром. Утре ќе настапи „Импров група“ со Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски, а водител на вечерта ќе биде Борјан Стојков. В четврток ќе настапат Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре кабает“, а в петок стендап-настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски. Фестивалот ќе го затворат Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски.
Фестивалот „Гола месечина“ се одржува со финансиска помош од Општина Аеродром – Скопје.