ФИФА: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации

Сподели

Од 2026 година на фудбалските Мундијали ќе учествуваат 48 репрезентации. ФИФА денеска соопшти дека за 16 селекции ќе се зголеми сегашниот број од 32 земји-учеснички.

Одлуката е донесена едногласно на седница на Светската фудбалска асоцијација и беше поддржана од претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Почнувајќи од Светското првенство во 2026 година 48 репрезентации ќе бидат поделени во 16 групи. Од секоја група двете најдобри ќе одат во следната фаза, а трето пласираната ќе го заврши шампионатот. Натпреварите ќе продолжат со 1/16 финалето по „нок-аут“ систем.

Промената на системот на натпреварување на Мундијалите на ФИФА ќе и донесе поголема финансиска заработка, додека гледачите ќе имаат можност да проследат вкупно 80 натпревари или 16 повеќе од досегашниот број од 64 натпревари кои ги нуди сегашниот систем.