Министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален фб профил изјави дека како министер за здравсво во новата влада ќе се залага за потребите на граѓаните и вреднувањето на здравствените работници.
“Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани. Како институција, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место. Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.