Министерот за здравство Венко Филипче оствари средба со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, но чие семејство ги донираше нејзините органи.
“Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови, изјави министерот.
Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест.
Органодарителството е највисок чин на хуманост, драго ми е што се повеќе граѓаните стануваат свесни за неговата важност.”