Филипче: Обезбедивме 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дек е почнато со интензивни подготовки за процесот на вакцинација од ковид-19, и дека се спрема здравствениот систем за ефикасен начин на вакцинација.

➡️ Обезбедивме 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. Покрај овој механизам, веќе се доставени барања за директни договори за вакцини до две светски компании Астра Зенека и Фајзер. И третиот механизам е механизмот кој го понудија дел од земјите членки на ЕУ.
 
➡️ Вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните.
 
➡️ Ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање, согласно спецификите на вакцините од Ковид-19.
 
➡️ Сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени, за сите овие вакцини коишто се сега на располагање здравствените работници веќе имале искуство од други вакцини коишто се со сличен тип. Вакцинацијата на специфични групи и здравствени работници ќе се врши во рамките на јавно-здравствените установи кадешто тие работат.
 
➡️ Добивме потврда од Американска фондација за потребни фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари. Тие ќе бидат дел на овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата.
 
➡️ Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни. Понатаму, здравствени работници коишто работат со земањето на брисеви, граѓаните над 65 години, пациентите со хронични болести во делот на хронично белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот Мој Термин, како и вработените во критичната инфраструктура и транспорт, изјави министерот Филипче.
 
denesmagazin.mk