“Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ја спроведеме во три фази, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Развивме безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови кадешто ќе се спроведува вакцинацијата. Ќе ја користиме постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега вакцинира.
Листите за кои први лица ќе се вакцинираат се спремни, а со имунизацијата ќе го спречиме ширењето на вирусот”, додаде Филипче.