(Фото) Келнерите открија каков е Новак – Доаѓа со децата, а омилено јадење му е ова и чини само 5 евра!

Сподели

Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ често посетува ресторан во Марбеља, чии работници решиле да откријат што јаде и како се однесува кога ќе ги посети.

фото: Profimedia

Новак секој слободен момент го поминува во семејната куќа во Марбеqа, па жителите на ова топло шпанско одморалиште често имаат можност на прошетка да го видат, но и кафетеријата на шпанскиот тениски клуб од овој град.

Менито вклучува голем број јадења, особено веганските кои Новак ги преферира, а се издвојуваат зелените производи, бадемовото и кокосовото млеко, авокадото, овошјето, спанаќот, пренесува „TennisWorldUSA“.

фото: PRITNSCREEN

Вработените во овој објект откриле дека омиленото јадење на Новак од веганските менија е торта од банана која се прави без шеќер и чини пет евра.

Еден од работниците призна дека е голем обожавател на Роџер Федерер, но смета дека Џоковиќ е најдобриот играч на сите времиња, додека друг вработен застана во одбрана на Новак кога е во прашање вакцинирањето.

„Навистина не разбирам зошто луѓето се насочија кон него кога се во прашање вакцините. И мислам дека слободата на сите мора да се почитува“, јасен е тој.

фото: royal tenis club

Вработените во кафетеријата додадоа и дека Новак е едноставен човек, коректен и пристоен, скромен и вреден.

Тие истакнаа и дека е многу концентриран кога доаѓа да тренира, но дека секогаш се однесува како секој член на клубот. Најчесто доаѓа со децата и таму си игра со нив.

The post (Фото) Келнерите открија каков е Новак – Доаѓа со децата, а омилено јадење му е ова и чини само 5 евра! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico