ФОТО: Од возниот парк на Кристијано Роналдо боли глава – Најмоќните машини на светот во една гаража!

Сподели

Еден од најдобрите фудбалери во светот е вистински љубител на скапи, брзи автомобили.

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, со одличните игри што ги прикажува на фудбалските терени, си овозможи астрономска заработка, која знае да ја искористи на вистински начин.

Секој што го следи неговите потези во фудбалот знае колку сака автомобили, па Роналдо често се фали со својот нов автомобил со погон на четири тркала на својот Инстаграм профил.

Досега има купено повеќе од 25 „ѕверови“. Ова се некои од автомобилите на најпознатите марки што Португалецот ги купил во изминатите години.

Ренџ Ровер Спорт

Порше 911

Шевролет Камаро

ЛАМБОРЏИНИ АВЕНТАДОР

Мерцедес С65 АМГ

Мерцедес АМГ ГЛЕ63

БУГАТИ БЕЈРОН

БУГАТИ ХИРОН

Роналдо сега го купи Bugatti „Centodieci“, автомобил кој е произведен само во 10 примероци во светот. До 100 километри на час стигнува за само 2,4 секунди, а до 200 километри на час за 6,1 секунда, максималната брзина е 380 километри на час. За него плати дури 9,5 милиони евра, објави британски Мирор!

Португалецот веќе поседува едно „бугати“, а го купи пред две години за неверојатни 16,5 милиони евра!

The post ФОТО: Од возниот парк на Кристијано Роналдо боли глава – Најмоќните машини на светот во една гаража! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico