Спортот ги поврзува луѓето. Без разлика дали се работи за фудбал, кошарка, тенис или американски фудбал и крикет, секој има свои омилени.
Стотици илјади луѓе минуваат низ многу стадиони ширум светот гледајќи и навивајќи за своите клубови, а дали знаевте кои стадиони се најголеми во светот?
На листата на петте величествени има три во Америка, две во Азија, што значи дека ниту еден од нив не е во Европа. Списокот вклучува стадиони за кои можеби не сте слушнале досега.
Од европските стадиони најблиску е стадионот на Барселона „Ноу Камп“ кој има капацитет од 99.354 гледачи.
Ќе ве запознаеме со петте најголеми стадиони во светот….
Број 5 – СТАДИОН „ОХАЈО“ во САД
Овој стадион има капацитет од 102.780 гледачи. Тој беше првенствено направен за американски фудбалски натпревари за тимот на Универзитетот Охајо.
Поради својата нетипична форма го носи прекарот „Потковица“, а во него биле угостени многу големи музички ѕвезди како „Ролинг Стоунс“, Бијонсе, „U2“ и многу други.
Рекордот по посета беше поставен на 26 ноември 2016 година на натпреварот против Универзитетот во Мичиген, кога на трибините имаше 110.045 гледачи.
Број 4 – СТАДИОН „БИБЕР“ во САД
Стадионот Бивер има капацитет од 106.572 гледачи. Се наоѓа во американската држава Пенсилванија и е изградена во 1960 година.
Секако, неколку пати е реновиран, а во него се играат претежно натпревари од американскиот фудбал, најмногу на универзитетско ниво.
Интересно е што капацитетот на овој стадион на денот на отворањето, 17 септември 1960 година, изнесувал 46.284 гледачи.
Број 3 – СТАДИОН ,,МИЧИГЕН” во САД
На третото место е стадионот „Мичиген“ кој има капацитет од 107.601 гледач. Прекарот на овој стадион е „Големата куќа“.
Изграден е во 1927 година и уште тогаш беше меѓу најголемите бидејќи можеше да прими дури 72.000 луѓе.
Последното реновирање беше во 2015 година, а потоа капацитетот беше намален за околу две илјади. Рекордот е поставен на 7 септември 2013 година, кога на натпреварот помеѓу Универзитетот во Мичиген и Нотр Дам, кој му припадна на домаќинот (41:30) на стадионот имаше 115.109 гледачи.
Тоа беше и рекорден број на гледачи на колеџ натпревар во овој спорт до 2016 година, кога беа надминати само од Тенси и Вирџинија со (159.990 гледачи).
Број 2 – СТАДИОН ,,ПРВИ МАЈ” во СЕВЕРНА КОРЕЈА
На второ место е стадионот „Први мај“ кој се наоѓа во Северна Кореја и има капацитет од 114.000 гледачи.
Изградбата започна во 1986 година, а официјално беше отворена на 1 мај 1989 година, па така и го добило името.
Овој стадион во Пјонгјанг најчесто се користи за фудбалски натпревари, но и за натпревари во атлетика и гимнастика.
Број 1 – СТАДИОН ,,НАРЕНДРА МОДИ” во ИНДИЈА
На првата позиција е стадионот за кој многумина веројатно никогаш не слушнале. Се вика „Нарендра Моди“, има капацитет од 132.000 гледачи и се наоѓа во Индија.
Главно на него се игра крикет како еден од најпознатите спортови во Индија.
Изграден е во 1983 година и во тоа време имал капацитет од 49.000 гледачи. Потоа, во 2015 година, беше урнат до темел и повторно изграден, а сега претставува едно вистинско чудо на светската архитектура.
Рекордот по бројот на посети не беше постигнат на ниту еден спортски настан, но тоа беше во февруари 2020 година, кога околу 125.000 луѓе беа присутни на стадионот на средбата меѓу тогашниот американски претседател Доналд Трамп и премиерот на Индија Нарендра Моди.
The post ФОТО: Oва се петте најголеми стадиони во светот – За некои можеби не сте ни слушнале! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico