Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање и да гласаат во каква земја сакаат да живеат

Сподели

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на последниот ден од предизборната кампања беше гостин во вестите на Сител телевизија од каде што ги повика граѓаните на 15 јули да излезат масовно на гласање и да изберат во каква земја сакаат да живеат.
– Само на масовен, би рекол референдумски одзив ние би можеле да имаме поквалитетна дебата и онакво општество какво што сакаме да имаме. Цениме дека граѓаните на Македонија ќе го направат вистинскиот избор и ќе ја изберат коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе промени и подобар живот во државата, вели Мицкоски.
Мицкоски покрај масовната излезност ги повика граѓаните пред се да се заштитат на денот на гласање и смета дека и покрај се излезноста нема да биде доведена во прашање бидејќи Македонија е жална да го казни ова криминално владеење на СДСМ предводено од Зоран Заев.
– Морам да признаам дека на почетокот стравував и ценев дека излезноста би била под маргината од 45%, но некако имам чувство, а и тоа јавното мерење го покажува како луѓето да се поларизираа и мобилизираа и ценам дека можеби ќе биде и поголема излезноста од очекувањата, вели Мицкоски.