ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Сподели

СООПШТЕНИЕ
Скопје,27.09.2019 година

ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Ги информираме сите заинтересирани ученици дека е продолжен рокот на
објавениот јавен повик на веб-страницата на Град Скопје на ден 16.09.2019 годиназа стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во средните училишта на Град Скопје.
Ве информираме дека Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник).
Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со
попреченост, за прв пат оваа година ќе додели 25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, коишто во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендијата од 3.000 денари нето износ.

Со почит,
Град Скопје