Градоначалникот на Киев најави нов полициски час

Сподели

 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов 35-часовен полициски час во главниот град на Украина, кој ќе започне во 20 часот и ќе трае до 7 часот наутро, на 23 март.

Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да работат на 22 март. Делови од градот се под постојан оган од руските сили.

„Ги замолувам сите да останат дома или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече Кличко.