Граѓаните на Шпанија денеска бираат нов состав на парламентот

Сподели

spanija-parlament

Околу 36 милиони граѓани на Шпанија денеска гласаат на нови парламентарни избори, откако на изборите одржани кон крајот на декември, минатата година, ниту една политичка партија не доби доволно мнозинство гласови за да формира влада.

Конзервативната Народна партија, која беше на власта четири години, во декември освои најголем број од гласовите, односно 28,7 отсто или 123 пратеници, но тоа беше недоволно самата да формира влада.

Премиерот во заминување и лидер на конзервативците, Маријано Рахој, не успеа да најде сојзници меѓу другите партии и да формира коалиција поради низата скандали поврзани со корупција.

Неуспех доживеа и лидерот на социјалистите, Педро Санчез, чија партија беше втора по освоени гласови во декември.

Парламентарните избори во Шпанија се одржуваат три дена по референдумот во Велика Британија на кој Британците гласаа за излегување од Европската Унија.

Граѓаните на Шпанија денеска избираат нов состав на парламентот