Груби оствари проштална средба со амбасадорката Задорожњук

Сподели

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук.

 

 

На средбата се разговараше за актуелната ситуација во Украина, која амбасадорката Задорожњук ја оцени како тешка. Северна Македонија се постави на вистинската страна на историјата со тоа што се усогласи со демократските земји во линија на воведување санкции кон Руската Федерација и како членка на НАТО ја осуди руската агресија од самиот почеток бидејќи повеќе нема место во светот , во 21 век за агресија и насилство.

Амбасадорката Задорожњук,  изрази благодарност за континуираната помош што Северна Македонија ја дава во овој период на криза, вклучувајќи го и приемот на украинските граѓани кои побараа засолниште во нашата земја, додека Груби уште еднаш ја потврди силната поддршка на Владата на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, апелирајќи до страните да седнат и да го решат конфликтот по пат на дијалог и дипломатија.

Груби и Задорожњук разговараа и за важниот чекор што Северна Македонија го направи со почетокот на преговорите за интеграција со Европската Унија и одржувањето на Првата меѓувладина конференција како адекватен одговор на обидите за дестабилизација и идеолошка дезориентација на земјата, исто така статусот на земја кандидат на Украина го опишаа како историски момент и геополитичка смелост предизвикана од руската инвазија.

Двајцата сооговорници оценија дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште посилно во многу области, со посебен акцент на обновата на Украина.