Груевски го нема – судот ќе презме дополнителни мерки согласно Законот за Извршување санкции

Сподели

Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатни до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информираме јавноста дека од КПУ Затвор Скопје – Скопје до судот денеска беше доставено известување дека обвинетиот Никола Груевски, во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, сеуште не се јавил на издржување на правосилно потврдената казна.

Воедно судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на кривичниот совет со кој се одбива жалбата изјавена против решението на судија за извршување санкции за одложување на затворската казна, со што би се комплетирала доставата.

Доколку доставата не се комплетира, судијата за извршување снакции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за Извршување санкции – стои во соопштението на Кривичен суд Скопје-Скопје.