Хајндл денеска пристигнува во Скопје

Сподели

Johanes-Hajndl

Специјалниот пратеник за Македонија на германскиот сојузен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл, денеска и утре ќе биде во посета на Скопје, соопштија од Амбасадата на Германија во земјава.

„Надоврзувајќи се на неговите две посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата Иванов, со премиерот Димитриев, со министерот за надворешни работи Попоски и со специjалната обвинителка Jанева“, се вели во соопштението од амбасадата.

http://meta.mk/hajndl-deneska-pristignuva-vo-skopje/