Проектот „Една слика – една можност“, организиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, предвидува активности за прибирање средства наменети за децата жртви на семејно насилство и за нивните семејства, корисници на нивните центри и услуги. Се планира организирање на еднодневен јавен донаторски настан во вид на аукција на која ќе се продаваат уметнички дела од домашни автори.
ХЕРА им обезбедува сигурност и заштита на жртвите, особено од ромската заедница, од идно насилство, односно помош за надминување на последиците од веќе доживеаното насилство. Овие деца и нивните семејства добиваат правна и психо-социјална помош и поддршка во рамки на нашиот Прв семеен центар во Град Скопје.
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА ги поканува сите уметници од Македонија да донираат уметнички дела за прибирање средства за децата и семејствата жртви на семејно насилство – штитеници на Првиот семеен центар во Град Скопје.