Хуманитарна изложба во Скопје ЗОО- Биди суперхерој за животните

Сподели

Денеска, со почеток во 12 часот, во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарна изложба под мото „Биди суперхерој за животните”.

Посетителите на оваа изложба ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата. Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје.

Скопје ЗОО ве поканува на заедничка дружба на делот кај бината и игралиштето веднаш после влезот во Зоолошка градина Скопје.