Идејата за укинување на радиодифузната такса за ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на СДСМ, кој најавува укинување на радиодифузната такса, оценува дека се работи за апсурдни и неуки идеи со кои би се уништил националниот радиодифузен сервис.

– СДСМ сака да стори се што може за да го уништи националниот радиодифузен сервис како во времето кога не даваше плата по 7-8 месеци, прогласуваше технолошки вишок и оставаше 500 фамилии без леб. Во нивните намери тогаш ги спречи Европската радиодифузна унија која ја наметна РДТ токму во време на СДСМ, меѓу другото и како начин како да се задржи независноста на сервисот од партиски влијанија доколку би се користеле на средства од буџет, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.