Најстарата икона со ликот на Св.Климент Охридски од тринаесетиот век е еден од оригиналните експонати што ќе бидат изложени на 23.мај во Папскиот музеј во Рим, во рамките на чествувањето на Св.Кирил и Методиј.
На изложбата ќе бидат претставени вкупно 38 фреско-копии, сопственост на охридскиот музеј, пет икони од колекција од охридската Галерија и две икони од Музејот Македонија.
