Има иднина: Заев да го консолидира парламентарното мнозинство и да се формира нова влада во најкус можен рок

Сподели

Соопштение на Има иднина:

Има Иднина ја поздравува одлуката на политичката партија ДУИ за учество во новата Влада на РМ предводена од СДСМ и Зоран Заев. Воедно, Има Иднина целосно ја осудува деконструктивната и анти државна политика на ВМРО-ДПМНЕ подржана од корумпираната пропагандна медиумска машинерија која манипулира и им влева неоправдан страв на граѓаните. Го повикуваме Зоран Заев со коалиционите партии уште во понеделник да го консолидира парламентарното мнозинство и да се формира новата влада во најкус можен рок. Една од првите задачи на новиот парламент покрај формирањето влада треба да биде покренување процедура за отповикување на лицето Ѓорѓе Иванов од позицијата претседател, преку која и нанесува ненадминливи штети на државата.

Ги поздравуваме напорите на нашите пријатели во Европската Унија, особено улогата на Германија, како и на САД и НАТО алијансата во континуираните обиди за изнаоѓање излез од политичката криза преку постигнување политички договор.

Конечно, сметаме дека реакциите на Министерството за Надворешни Работи на Русија во однос на Македонската криза кои го охрабруваат кршењето на Уставот на Македонија не се конструктивен пристап кон разрешување на политичката криза во Македонија.