Индија постави нов рекорд лансираjќи 104 сателити во една мисија

Сподели

 

Индиската вселенска агенција соопшти дека во орбитата успешно лансирала ракета со дури 104 сателити, со што го собори рекордот на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) соопшти дека ракетата со наносателити со маса од 10 килограми, е лансирана од јужната вселенска станица во Шрихарикота.

Индија со овој потфат постави нов светски рекорд како земја што лансираше најголем број сателити одеднаш и ја надмина Русија, која во јуни 2014 година лансираше 39 сателити во само една мисија.

Речиси сите наносателити потекнуваат од САД, Обединетите арапски емирати, Израел, Холандија и од Казахстан, соопшти ИСРО.

„Сите 104 сателити се успешно поставени во орбитата“, изјави претседателот на агенцијата, Киран Кумар.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди на „Твитер“ објави дека извонредниот подвиг на ИСРО е уште еден горд момент на нивната вселенска агенција и нација.

Индија се натпреварува со другите меѓународни играчи за поголем удел на лансирниот пазар, а позната е по финансиски поволната вселенска програма.

Оваа земја во 2013 година успешно лансираше ракета без екипаж во орбитата на Марс, а претходно во тоа успеаја само САД, поранешниот Советски Сојуз и Европската вселенска агенција.

Anadolu Agency