Исчезна аргентинска воена подморница со екипаж од 44 члена

Сподели

Подморница на аргентинската војска со екипаж од 44 лица исчезна денеска во морето, соопшти денеска портпаролот на морнарицата, Енрике Балби, додавајќи дека во тек е интензивна потрага за да се лоцира.

Последен пат подморницата ја пријавила својата локација во Аргентинското Море, пред два дена.

– Испитуваме причини поради кои не постои комуникација – рече Балби, додавајќи дека ако постои проблем во комуникациите, подморницата морало да излезе на површина.

meta.mk