-“Во Македонија прислушувале сите. Не може да се амнестираат ниту ВМРО, ниту СДСМ. Знаев дека се прислушува и за ова зборував со тогашните власти, односно Бранко Црвенковски и со Хари Костов. Не знам колкава е бројка на прислушувани лица. Свесен сум дека во секоја држава се прислушува, но државата има механизми како тоа прислушување да биде легално, а тоа е со налог на судот. Јас не сум гневен и не се лутам зошто прислушувале, бидејќи тоа за мене не е нешто ново”.