– “Партиите разговараат и има контакти меѓу претставниците на политичките партии на разни теми. Јас се надевам дека кога ќе оценат самите партии дека постои суштина и оправданост, ќе дојде до лидерска средба. Како претседател на Владата, јас апелирам до сите партии да имаат максимална конструктивност за побргу да заврши оваа политичка криза, која има негативни последици и по економијата и во другите сфери од општественото живеење. Впрочем, и од она што го кажале амбасадорите, и меѓународната заедница очекува еден епилог на ова што се случува во Македонија веќе две години.”