” Новороденчиња умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, а власта на Груевски со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството! Оваа лицемерна власт наместо да гради болници и амбуланти, крати 250 милиони денари за изградба на ветуваните со години клинички центар во Скопје и клиничка болница во Штип, крати 17 милиони денари за тетовската болница и за болницата во Кичево. Крати дури 110 милиони денари за инсулин. Ова е доказ дека и понатаму ќе се набавува поевтин инсулин и со сомнителен квалитет. Се намалува буџетот за средства за дијализа, средства за трансплантација, за вакцини и за пациенти со ретки болести. Ова е грижата на Тодоров и на Груевски за пациентите со ретки болести. Имаат за мебел – дури повеќе од 1 милион и 200 илјади евра. Имаат и за дневници – по 42.000 евра на ден! Имаат и по 95.000 евра на ден за ставка „други трошоци и репрезентации“.