ИЗЈАВИ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани – Петре ШИЛЕГОВ

Сподели

2913-P.Shilegov1

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 15.08.2016
Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани.

Заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите.

Ваквите заклучоци, не се ништо друго освен покритие за нефункционирањето на институциите, неспособноста и бегањето од соочување со одговорноста.

Дури и во вакви моменти на Никола Груевски најважен му е политичкиот маркетинг.

Со овој начин на однесување ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потврдија дека немаат искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните.

 Наместо одговорност за нефункционирање на институциите, наместо решавање на проблемите на граѓаните, клучен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се парите од криминалните тендери.

Парите од Панорамското тркало, од спомениците, парите за задоволување на тендерските апетити на владејачката коалиција, мора да се пренаменат за да им се помогне на граѓаните.

За СДСМ е неприфатливо ваквото однесување на владејачката коалиција.

Активистите и волонтерите на СДСМ, заедно со сите добронамерни граѓани без разлика на партиска или етничка припадност ќе продолжат да им помагаат на граѓаните од погодените подрачја.

Вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година.