Излезе седмиот број од меѓународното научно списание „Безбедност“

Сподели

 

Излезе седмиот број на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“.

“Горди на фактот што по повеќе од две децении го обновивме издавањето на списанието и што со овој број заокружуваме веќе три успешни години од развојот на научната мисла, која се повеќе ја ставаме и во функција на развојот на политиките и стратегиите за работа на полицијата и Министерството.

И во овој број списанието изобилува со интересни текстови и научни анализи за значајни прашања од областа на безбедноста.

Ги поттикнувам сите припадници на Министерството за внатрешни работи да ги користат современите истражувања во областа на безбедноста и во преземањето на полициските овластувања секогаш да ги имаат предвид законските одредби и најдобрите светски практики.

Меѓународното научно списание „Безбедност“ е наше заедничко четиво, во кое секако свое место ќе најдат текстовите од нашите почитувани колешки и колеги”, изјави министерот Оливер Спасовски,