Изложба на Ешреф Ќахили “Музеј на детството” во Чифте амам

Сподели

 

Во Националната галерија – објект Чифте амам, денеска, 5 декември, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Музеј на детството“ на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово.

Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 18 декември 2023 година.

Ќахили првпат изложува во Националната галерија, а проектот е во рамките на билатералната културна размена меѓу Република Северна Македонија и Косово.