Јанева го повлече барањето на Зврлевски

Сподели

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го повле;e од Врховниот суд барањето за заштита на законитоста што во понеделникот го поднел републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот “Труст”.

„-Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“,вели Јанева.