Јаневски: Грижата за граѓаните од третата доба е еден од нашите приоритети

Сподели

 

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од Движењето “Одлучно за промени” Љупчо Јаневски, носителот на листата Бојан Петровски и дел од кандидатите за советници, на повеќе средби во општината, разговaраа со повозрасните жители. На средбите се детектираа повеќе проблеми на нашите граѓани од третата доба.

Грижата за нашите граѓани е приоритет, затоа во нашата програма предвидуваме:

– Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров

– Бесплатни простории во месните заедници за пензионерите

– Финансиска поддршка за Клубот на пензионери во Ѓорче Петров

– Месечна бесплатна посета од стручни лица за основни здравствени прегледи

– Создавање на општинска мрежа од волонтери кои ќе се грижат за потребите на повозрасните граѓани во општината.

– Дневен центар за стари и изнемоштени лица

Квалитетот на живеење во Ѓорче Петров е нашиот приоритет. Без разлика на возраста, сите заедно треба да создадеме услови за Ѓорче да биде посакувано место за живееење, изјави кандидатот за градоначалник од Движењето “Одлучно за промени”, Љупчо Јаневски.