Постигнатиот договор на политичките партии го поздрави и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тој на „Твитер“ напиша:
„Добри вести и од Македонија: Политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за Договорот од Пржино. Тоа е важен чекор за да се стави крај на политичката криза. Сега треба импулс за да се сочува договореното. Целосна имплементација на реформите е клучот за одржлив напредок.”