ЈП Водовод: Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Сподели

 

За подобра информираност на граѓаните на град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје, го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.11.2021 до 12.11.2021 зема 207 примероци за физичко-хемиска и 207 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49  мерни места во град Скопје. 

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје.