Како се борат провладините медиуми за спас на својот бог: Албанец спаси Македонка во невремето! – Соња АЈАНОВСКА ДЕЛОВСКА

Сподели

10375920_877409145608409_5994105648977664721_n

Мачно ми е го спомнувам случајот со убиството на матурантот  Ангел П. Од Ѓорче Петров, кој беше избоден од негов сограѓанин Албанец, но по тој случај јасно се виде како коалиционо-тендерската влада веќе не бира средства за нејзиното опстојување. Жалам, но текот беше тој и повеќе од рационален. Имено,  меѓуетничките односи, ситуацијата во државата  и така кревка, од незадоволни граѓани, ограбени и осиромашени семејства, дојде до точка на вриење. Контрола беше тешко да се води, народот излезе на улица, барајќи ја правдата во свои раце, незадоволни од институциите кои требаше да бидат главен столб на безбедноста и мирот. Но, како тоа да го направат, кога раздорот самите го створија од огромната алчност и препотентното слепило.

Неколку дена подоцна, Скопје го зафати големо невреме, во кое учествував и јас, и стотици граѓани во возила и бевме заглавени и поплавени на местата на кои сега повторно, после две години се случи катастрофалната поплава со непроценливи последици.

При една таква ситуација, при нормално владеење и нормално мислење и грижа за населението, властите и институциите како прв чекор би го почнале со решавање на проблемите на градот, а со самото тоа и на граѓаните. Би ги зеле своите лопати за сликање, би ги облекле жолтите гумени чизми, и заедно со платените од народ плати-клати вработени, ќе се зафатеа со една конкретна работа, градење на атмосферскаи канализации, санирање на патишта, мостови, поставување нови цевки во градот и приградските населби, при што би го решиле проблемот кој постојано се повторува, поплавувањето на градот, но и тие би се офајдиле повторно со некоја тендерска провизија. При недостиг на чиста совест, тоа никогаш не се реализира.

Затоа, ние илјада граѓани се најдовме среде град во поплава, која не беше ни налик на оваа од пред неколку дена, но морам да признам, дека беше доста ризично и едвам спасивме живот од потоп.  Во тој настан, јас се заблагодарив на група граѓани од локалното население, на кое им реков дека сум вечно благодарна за укажаната помош. Но, тоа и не се покажа подоцна до толку битно, колку што во текстот се заблагодарив на албански јазик, со фалимендерит!

Во тој момент, во кревката политичко-меѓуетничка лоша ситуација, тоа одекна како вистинска витаминска бомба, при потхранување  и санирање на лошите односи во коалицијата на оваа власт, при што тие веднаш увидоа дека тоа е тој погоден момент (иако моментот беше со повредни, и жртви истрауматизирани од поплавата) да ја искористат ситуацијата и да си препишат за себе, една голема извојувана битка во меѓуетничкиот соживот, како нивен заслужен пехар за кој тие истрчале еден маратонски круг. Лага!

Дека е лага сето тоа, покажува фактот дека после две години ништо несработено, уште поголем јаз, беда, очај, сиромаштија и беспаќе, во новонастанатата ситуација со поплавата во Стајковци, Арачиново и Смилковци, тие повторно заиграа со валкани покерашки карти! Ги најмија своите полтронски кучиња и медиуми да ја ископаат старата вест,од пред две години,  која е со најпогрден наслов: Албанец спаси Македонка во невремето! -и ги спаси од граѓанска непослушност, повторно смирувајќи го народот дека еден е бог и дека богот НГ е тука да ги спаси сите граѓани, без разлика на националност.

Кога првиот пат оваа вест одекна, сфатив дека се играат со човечката судбина заради добивање на поени кај избирачите и нивните следачи. Го искористија како кец на десетка. Но, без разлика дали они воопшто се загрижиле што повторно ме ставаат во трагичен случај, на кој секој еден нормален човек би реагирал емоционално и човечки, додека луѓето останаа без кров над глава, додека ги бараат своите блиски исчезнати, додека ги оплакуваат блиските починати, додека го оплакуваат животот во кој нема повеќе радост, сакам да ги прашам: КОЛКАВА Е КРИЗАТА МЕЃУ ВАШАТА ТЕНДЕРСКА КОАЛИЦИЈА, ДАЛИ ПОПЛАВАТА ГО РАЗДРМА ЦВРСТОТО ТЛО ПОД ВАШИТЕ НОГИ, И КОЛКАВА Е ЦЕНАТА, ШТО НИЕ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ПО МИЛИОНИТИ ПАТ ДА ЈА ПЛАТИМЕ?

Ах, да..Не е се` така црно како што велам. Цената на горивата се намали за еден денар!